
Општина Делчево организира пригодна свеченост во чест на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба. Настанот ќе се одржи на 23 октомври (среда) во 10:00 ч пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот, каде ќе се положи свежо цвеќе.
По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
Агенда за настанот:
- 10.00ч – реферат по повод 23 Октомври Ден на македонската револуционерна борба (КУД „Гоце Делчев“ од Делчево)
- 10.15 ч. – положување свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев
Views: 308