Одржана 38 Седница на Советот на Општина Делчево

На 38 Седница на Советот на Општина Делчево, советниците го усвоија Извештајот за реализација на Буџетот на Општина Делчево за вториот квартал од 2024 година.

Вкупните реализирани приходи на Општината за вториот квартал (јануари-јуни 2024) изнесуваат 164.902.598 денари , или  45,23 % од вкупно планираните приходи во буџетот на општината.  Износот на вкупно реализираните приходи во вториот квартал од 2024 година, споредено со износот на реализираните вкупни приходи во вториот квартал од претходната година покажува зголемување од  10.390.458 денар, додека процентот на реализација е помал за  3 процентни поени (пп) во споредба со првиот квартал од претходната година.

Процентот на реализација на вкупните тековно оперативните приходи е 45,7%, додека на капиталните приходи е 16,7%.  Приходите  во Основниот буџет се планирани во износ од 117.839.697 денари а релизирани се 39% односно 45.859.742 денари, и овде имаме намалување за 10% во однос на реализацијата за истиот период од 2023 година. Во Буџетот на наменска дотација од планирани 226.333.340 денари приходи, реализирани се 113.086.271 денари, односно 50% и е зголемена незначително во однос на истиот период 2023 година. Во Буџетот на самофинансирачки активности  реализацијата на приходите е  30% , односно од планирани 12.962.000 денари реализирани се 3.797.691 денари и е зголемена незначително во одос на истиот период лани. Кај Буџетот на донации од планирани 7.457.480 денари, реализирани се 2.158.894 денари или реализација од 29%. Овде, споредбено со истиот период од лани има значително намалување од 58%.

На Седницата советниците расправаа и дадоа согласност на годишните планови за вработување за 2025 година на локалните институции: Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево и Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2025 година; Исто така, се донесе и Одлука за утврдување на работното време на ОЈУДГ „Весели цветови“, како и Одлука за давање согласност на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево за формирање групи со поголем број на деца. На Седницата се донесоа и годишните програми за работа за 2025 година на образовните институции во Делчево, како и извештаите за работа.

Shares