Почитувани граѓани, отворено е електронско пријавување на мито и корупција во Општина Делчево.
Анонимноста и дискрецијата на корисниците е важен услов за граѓаните да се охрабрат и да бидат наши сојузници во борбата против корупцијата.
Воедно, граѓаните ќе може да поднесат пријава анонимно по електронски пат преку веб-страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk или со испраќање e-mail на следнава адреса: info@delcevo.gov.mk
Целта на проектот „Пријави корупција“ е спречување и превенција на ризиците од корупција, како систем за ефикасна превенција во борбата против корупцијата.
Согласно Законот за заштита на укажувачи и Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор Општина Делчево веќе го овласти адм. службеник Шабан Багашов – Раководител на Сектор за финансии при општината – за спроведување на истото.