ЈАВЕН КОНКУРС За избор на директор на Јавна Локална Библиотека “ИЛИНДЕН“ Делчево

Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа(Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) , член 12 став 3 од Законот за библиотеки(Службен весник на Република Македонија бр.66/04,89/08,116/10,51/2011,88/15,152/15 и 39/16) и член 22  и член 23 од Законот за работните односи-Пречистен текст (Службен весник на Република Македонија бр.167/2015) а согласно член 13 од Статутот на Јавната Локална Библиотека “ИЛИНДЕН“ Делчево со број 02-20/5 од 06.03.2019 година и Одлуката за распишување на Јавен конкурс за избор на на Директор на Јавна Локална Библиотека “ИЛИНДЕН“ Делчево со број 08-1265/1 од 30.07.2020 година, Градоначалникот на Општина Делчево распишува

ЈАВЕН КОНКУРС

За избор на директор на Јавна Локална Библиотека “ИЛИНДЕН“ Делчево

 

Директорот се избира со мандат од четири(4) години.

        Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат општите услови утврдени со Закон како и посебните услови предвидени во Стаутот  на Јавната Локална Библиотека“ИЛИНДЕН“Делчево со архивски број 02-20/5 од 06.03.2019 година и тоа:

Општи услови

-Да е државјанин на Република Северна Македонија;

-Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција или забрана за вршење на професија,дејност или должност;

-Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование;

-Да има минимум пет години работен стаж во областа на културата или пет години работно искуство на работи или проекти од областа на културата врз основа на склучени договори на дело;

Посебни услови

-Предлог програма за работа и развој на библиотеката за период од 4 (четири)години;

-Да има еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од пет години:

-ТЕОФЕЛ ИБТ-најмалку 74 бода;

-ИЕЛТС(IELTS)-најмалку 6 бода;

-ИЛЕЦ(ILEC)(Cambridge Englisha:Legal)-најмалку Б2(В2) ниво;

-ФЦЕ(FCE)(Cambridge English:First)-положен;

-БУЛАТС(BULATS)-најмалку 60 бода;

-Директорот кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на Законот за именување и дополнување на Законот за култура(Службен весник на Република Северна Македонија бр.11/18), е должен да го исполни условот за познавање странски јазик најдоцна во рок од една (1)година од денот на неговото именување.

Директорот кој нема да го исполни условот за познавање на странски јазик во рокот утврден во став 1 на овој член му престанува мандатот.

-Познавање на работа со компјутерски програми и канцелариско работење;

Општи работни компетенции

-решавање на проблеми и одлучување за работи од својата надлежност;

-комуникација;

-менаџерски способности;

-раководење;

Распоред на работно време

Работни денови -понеделник-петок;

-Работни часови неделно-40 часа;

-Работно време од 07.30часот-15.30часот;

Плата

Основаната нето плата изнесува 29.289,00 денари.

Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е пет(5) работни дена сметано од денот на објавување на Јавниот Конкурс во дневните весници(Нова Македонија,Слободен печат и Лајме) и веб страницата на Општина Делчево www.delcevo.gov.mk, огласна табла на општината и огласна табла на ЈЛБ “Илинден“ Делчево;

Заинтересираните кандидати покрај Пријавата треба да достават:

-Кратка биографија –CV;

-Мотивационо писмо;

-Уверение за државјанство;

-Диплома или уверение за завршена стручна подготовка;

-Лекарско Уверение за општа здравствена способност на работното место издадено од соодветна здравствена институција;

-Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија,дејност или должност;

-Доказ за исполнување на условите за познавање на англиски јазик;

-Доказ за познавање на работа со компјутери и канцеларсико работење;

-План и програма за работа на Јавната Локална  Библиотека во наредните четири(4) години имено 2020 година -2023 година;

-Изјава за заштита на лични податоци;

*Доказите се доствуваат во оригинал или копие заверена кај нотар.

**Ненавремените и некомплетените пријави нема да се разгледуваат.

 

  • Пријавата со документацијата се доставува во запечатен плик на адреса :

ЈАВНА ЛОКАЛНА БИБЛИОТЕКА “ИЛИНДЕН“ Делчево-УПРАВЕН ОДБОР, ул.Светозар Марковиќ бр.1, Делчево со назнака Јавен конкурс за директор на ЈЛБ “ИЛИНДЕН“ Делчево преку пошта или архивата на ЈЛБ “Илинден“ Делчево, секој работен ден од 07.30 часот- 15.30 часот.

                                                                            ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

    Градоначалник

                                                                                      Горан Трајковски

Shares