ЈАВЕН ПОВИК За организирање на волонтерска работа и ангажирање на волонтери во Општина Делчево

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа(Службен весник на Република Македонија бр.5/2002), а во врска со член 6 став 1 алинеја 5 од Законот за волонтерство(Службен весник на Република Македонија бр.85/07,161/08 и 147/15),Општина Делчево објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

За организирање на волонтерска работа и ангажирање на волонтери во Општина Делчево

 

Општина Делчево со овој Јавен повик ја објавува потребата за организирање на волонтерска работа и ангажирање на десет(10) лица за мапирање на семејствата, поединци,лица во изолација на кои им е потребна услуга од достава на намирници,лекови,средства за дезинфекција.

Волонтерите доброволно го посветуваат своето време заради заедничко добро и без финансиска добивка. Силната волонтерска култура дава подобри резултати за луѓето, заедниците и природната средина, го помага давањето услуги и го подобрува менталното здравје и добросостојбата на самите волонтери. Иако мерките за забавување на ширењето на коронавирусот (КОВИД-19) го сменија нашиот начин на живеење, тоа не значи дека вашата волонтерска работа треба да биде прекината. Волонтерската работа може да се врши лично, по телефон или преку интернет.

Кандидатите кои ќе поднесат барање за волонтерство во Општина Делчево траба да имаат завршено најмалку средно образование .

Барањето за волонтерство во Општина Делчево ,заинтересираните кандидати можат да го поднесат заклучно со 18, Декември, 2020 година до 15.30 часот.

Кон Барањето за волонтерство во Општина Делчево ,заинтересираните кандидати треба да приложат фотокопија од лична карта,фотокопија од диплома за завршено образование,кратка биографија и мотивациско писмо.

Селекцијата за избор на волонтери кои ќе поднесат барање за волонтирање ќе изврши Комисија составена од три(3) члена,формирана врз основа на Решение на Градоначалникот на Општина Делчево .

Изборот на кандидати за волонтери во Општина Делчево ќе биде направен по соодветната евалуација на поднесените документи и спроведеното интервју со сите пријавени кандидати,по кое ќе биде изготвена ранг листа  која што ќе биде објавена на Веб страната на Општина Делчево,www.delcevo.gov.mk.

Кандидатите кои ќе бидат избрани за волонтери во Општина Делчево ќе потпишат Договори за волонтерство во кои ќе бидат утврдени условите, начинот,правата и обврските од волонтерството и волонтерскиот ангажман,а во согланост со одредбите од Законот за волонтерство.

ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Лице за контакт:
Мемедова Џулиета
Телефон:078/338-180;
e-mail:julietamemedova@hotmail.com

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Градоначалник

Горан Трајковски

Shares