ЈАВЕН ПОВИК за учество во процесот на јавна консултација за документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти од спроведување на проектот “Изградба на станбена улица бр. 3 од СТ.0+237.00 ДО СТ. 0+606.33

Jавен повик за учество во процесот на јавна консултација за документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти од спроведување на проектот “Изградба на станбена улица бр. 3 од СТ.0+237.00 ДО СТ. 0+606.33“

Делчево, 10.08.2021

Општина Делчево ја известува заинтересираната јавност дека  има во план да реализира проект за “Изградба на станбена улица бр. 3 од СТ. 0+237.00 до СТ. 0+606.33”. Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со под-заем средства од Меѓународната банка за обнова и развој Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и МСИП проектот, според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, ќе се одржат јавни консултации за Планот за управување со животната средина и социјалните работи, пред почетокот на градежните активности предвидени за реализација на овој проект.

Наведениот документ е достапен на увид во просториите на единицата на локална самоуправа на општина Делчево, како и на следната веб странаица: www.delcevo.gov.mk .

Јавната консултација за Планот за управување со животната средина и социјалните работи за наведениот проект, ќе се одржи во: општина Делчево, на 31.08.2021 година (петок) со почеток во 12:00 часот. Ве молиме да го најавите Вашето учество на долунаведената е-маил адреса.

Забелешки и/или коментари по однос на документите може да се достават на самата јавна презентација и/или во писмена форма, најдоцна до 06.09.2021 година, на следната адреса:

Општина Делчево
Ул. “Светозар Маркович“ бр. 1, Делчево
Лице за контакт:
Звонко Атанасов
Тел: 033/ 411 550
E-mail: info@delcevo.gov.mk

Shares