РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Бр. 08-2446/1
14/12/2023 година
ДЕЛЧЕВО
Врз основа на членот 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република Северна Македонија“ број 10/2020) ) и член 63 од Статутот на Општина Делчево („Сл.гласник на Општина Делчево 15/2013, 2/2019 и 1/2021), Локалното собрание на млади при Општина Делчево, формирано со Решение број 08-447/22 од 04.06.2021 година, на ден 14.12.2023 година распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за формирање Локално собрание на млади на Општина Делчево
(1) Локалното собрание на млади при Општина Делчево, формирано со Решение број 08-447/22 од 04.06.2021 година распишува Јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.
(2) Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
- Да имаат активности на територијата на Општина Делчево.
- Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик.
- Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Делчево и да се на возраст од 15 до 29 години.
(3) Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи:
- Портфолио за работата на организацијата.
- Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 (една) страница.
- Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Делчево.
- Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.
(4) Пријавите за членство во Локалното собрание на млади на Општина Делчево се поднесуваат електронски на e-mail адресата info@delcevo.gov.mk, или до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „Апликација за членство во Собранието на Советот на млади“.
(5) Рокот за пријавување е заклучно со 23.12.2023 година.
(6) Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Локално собрание на млади при Општина Делчево и административниот службеник за млади номиниран од Градоначалникот на Општина Делчево.
(7) За повеќе информации околку повикот може да се обратите на e-mail адресата info@delcevo.gov.mk и на телефонскиот број 070 349 776 кај административниот службеник Милица Стојковска.
ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ
Претседавач
Александар Дончовски