Локален економски развој

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР) е една од најзначајните општински функции и надлежности, особено при преминот кон децентрализација чија главна цел е да обезбеди развој преку подготовка на  проекти и промоција на фондови, поврзување на бизнис заедницата со партнерсрва од странство (донатори, општини и фирми).

Во смисла на промовирање на стопанската структура, комуналната инфраструктура, природни ресурси, и расположлива работна сила овој проект дава импулс за влез на нови претпријатија и го помага развојот на ново основаните фирми на територијата на Општината.

Преку активностите кои ги спроведува одделението за Локален економски развој се овозможува партнерите од јавниот, приватниот (бизнис) и невладиниот сектор да создадат подобри услови за економски растеж и отварање на нови работни места како и воспоставување и одржување динамична претприемачка култура и создавање нова заедница и деловна благосостојба со цел подобрување на квалитетот и условите на животот на сите во заедницата.

Целта е подобрување на економската состојба во општина Деелчево преку зголемување на обемот на приходите, по основ на експанзија на бројот на претпријатија во приватниот сектор и консеквентно зголемување на куповната моќ на граѓаните.

Целната група кон која се упатени проектните активности се локалната заедница, локалната самоуправа, малите и средните претпријатија, големите претпријатија, занаетчиите и претприемачите и услужниот сектор како и младите и граѓанскиот сектор..

Главните проблеми се индентификувани преку јавни расправи, форумски сесии, непосредна комуникација со месните и урбаните зедници, анкети, интервјуа и прашалници, повратни информации од граѓаните .

Во таа насока е изработен Стратешки план за Локален Економски Развој на Општина Делчево  2021-2025 година:

https://www.delcevo.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/Strategija-za-Lokalen-Ekonomski-Razvoj-Delchevo-2021-2025.pdf

Одделението за локален економски развој ги врши работите што се однесуваат на:

  • планирање на локалниот економски развој на Општината;
  • предлагање и утврдување на развојните и структурните приоритет на Општината.
  • воспоставување и развива мрежата на институции и агенции за промовирање на партнерството;
  • врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Активности

  • Операционализација на Стратегијата
  • Поддршка на развојот на МСП
  • Рационално искористување на природни ресурси
  • Поттикнување на партнерства
  • Регионален развој
  • Меѓународна соработка