Општина Делчево дел од Програмата РОМАКТЕД

  • Новости

Општина Делчево е дел од заедничката Програма на Советот на Европа и ЕУ, РОМАКТЕД, што значи Програма за промовирање добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Програмата е наменета за јакнење на локалните координативни тела, формирани во рамките на имплементацијата на локалните акциски планови, како и реализација на проекти во детектираните областите во ЛАП: образование, вработување, домување и здравство.

На вториот состанок на Советодавната група кој се одржа во Скопје, учество зедоа високи претставници од Владата на РСМ, Советот на Европа и Делегацијата на ЕУ во РСМ, како и претставници од општините и НВО-сектор и ромската заедница.

Во Програмата, освен Општина Делчево, се приклучени уште 12 општини од државава.

За Делчево ова значи дополнителна поддршка за реализација на проекти утврдени во Локалниот акциски план што ќе донесат подобрување на квалитетот на живеење на ромската заедница.

Shares