Градоначалникот Трајковски: со личен пример за зачувување на колективното здравје

  • Новости

Почитувани сограѓани,

Благодарам што останавте дома.

Изминатиов продолжен празничен викенд, кога се славеше големиот христијански празник, Вие останавте дома и ги почитувавте мерките со што дадовте свој личен пример и придонес во борбата со заразата на 21-от век, но и огромен придонес за нашата цел- оваа зараза да не се прошири на територијата на Општина Делчево.

 Изминатиов продолжен празничен викенд во Делчево се евидентирани 5 непочитувања на забраната за движење, додека сите 20 лица кои се во самоизолација ги почитувале мерките и не ги напуштале домовите.

Не заборавајате:

Од оваа болест не е никој имун;

Почитувајте ги мерките;

Носете заштитни маски;

Држете социјална дистанца;

Не се групирајте;

Но посебно, доколку некој има симптоми на болеста или е без симптоми, но имал контакти со заболени лица, задолжително да направи тест и веднаш да се самоизолира, без разлика што резултатите не се готови. Со тоа ги штитите своите најблиски, пријателите, соседите, целиот град.

Сите заедно со свој личен пример да дадеме придонес во борбата со Ковид-19.

Останете дома!!

Shares