Донација од „Зегин“ за семејства во социјален ризик во Делчево

  • Новости

Компанијата „Зегин“ донираше хуманитарни пакети за семејства кои живеат во социјален ризик во Делчево со што и оваа компанија се вклучува во хуманата акција за поддршка на социјално загрозени семејства во услови на пандемија со коронавирусот. Донацијата се состои од 30 пакети со прехранбени производи и средства за хигиена, а градоначалникот заедно со мобилни екипи на Општина Делчево денеска ја дистрибуираше до семејства во Делчево согласно со евиденцијата на Центарот за социјални работи во Делчево.Целта на оваа хумана мисија е да се помогне на секој поединец во оваа здравствена криза, посебно на лицата кои имаат голема потреба од помош во овој период.

Инаку, како општествено одговорна компанија, компанијата „Зегин“ досега во повеќе наврати донира за семејства во Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, по повод оваа донација изрази благодарност до компанијата и нејзината хумана мисија во Делчево и истакна дека овие пакети се добредојдени во овој период и испраќаат порака дека и општетсвено одговорните фирми и општината се грижат за сите граѓани во Делчево.

 

Shares