Мурал со логото на големиот проект кој ќе обезбеди чиста вода за пиење во Делчево ја краси фасадата на најстарата станбена зграда во градот. На него на креативен начин се прикажува значењето на проектот, како и државното знаме на донаторот, Швајцарската Конфедерација, државното знаме на Република Северна Македонија, како и грбот на Општина Делчево.
Муралот е дело на уметникот Пепи Атанасов, со кое продолжува разубавувањето на фасадите во централното градско подрачје.
Муралот е изработен во рамките на проектот „Водоснабдување на Делчево”, проект вреден 7,3 милиони швајцарски франци, од кои шест милиони се донација од Швајцарската конфедерација, додека приближно 1,3 милиони швајцарски франци се од Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Делчево.