Одбележан Денот на пожарникарите

  • Новости

По повод Денот на пожарникарите, 20 Мај, денеска градоначалникот на Општина Делчево ја посети ТППЕ Делчево. На средбата со пожарникарите, градоначалникот Трајковски честитајќи им го Денот на пожарникарите, изрази задоволство од професионалноста, нивната експедитивност, ефикасност и пожртвуваност, а пред сѐ, за нивната одговорност во спроведување на мерките за превенција од болеста ковид 19 на територијата на Делчево.

-Овој ден кој е посветен на пожарникарите од нашата држава е одличен повод, јавно да се заблагодарам за професионализмот и одговорноста на делчевските пожарникари. Секогаш први во заштитата на граѓаните и нивниот имот и во овој кризен период, покажаа дека се на висината на својата задача. Нивната улога во дезинфекција на улиците, јавните површини и објекти е клучна во спре;ување на појавата на ковид 19 во Делчево. Како градоначалник изминатиов период вложував напори и инвестиравме во подобрување на условите за нивниот работен престој во единицата, а минатата година обезбедивме и опрема за лична заштита на делчевските пожарникари. Заложбите за подобрување на техничката опременост на единицата остануваат и понатаму мои приоритети, рече Трајковски.

Традиционално по повод Денот на пожарникарите, Трајковски ја додели и наградата за најдобар пожарникар. Годинава на предлог на пожарникарите  за најдобар пожарникар е прогласен Миле Тодоровски пожарникар кој има над 30 години работен стаж.

Денот на пожарникарите 20 Мај е ден на пожарникарството во Република Северна Македонија. На овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. Во светски рамки денот на пожарникарите се слави на 4 мај во сеќавање на пожарникарите кои го изгубиле животот во борба со огнената стихија.

Пожарникарството во Делчево испишува историја од 7 децениско функционирање. Првото доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.

Shares