Честитка од градоначалникот Трајковски за делчевските матуранти

  • Новости

mm brico

Традиционално во месецот мај  Делчево живее со матурантите и нивната традиционална матурска вечер. Годинав, поради актуелната состојба, матурските прослави се одложени, но по повод заокружувањето на средното образование, градоначалникот Трајковски испрати честитка до новата генерација матуранти од делчевската гимназија истакнувајќи дека матурантите се наша гордост и наша иднина.

-Овој ден и овој месец вообичаено протекува во вашиот знакот, во знакот на младоста и убавината. Вие сте нашата гордост и нашата иднина. Жалам што вашата генерација поради  вонредната состојба и здравствената криза нема да продефилира со целиот свој сјај низ градот и нема да се одржи традиционалната матурска вечер, но верувајте, ќе имате многу прилики за радост и прослава на успесите. Ви посакувам да чекорите гордо и достоинствено во животот. Вие ја имате моќта да го менувате светот, но и да не заборавите дека овој наш град ги остава отворени вратите за вас, по вашето студирање, патување или прошетките низ европските држави, запаметете дека ние сакаме да ве гледам дома, овде да ја градите вашата иднина, овде да формирате семејства, истакна Трајковски.

Тој додаде дека најдобрите 10 матуранти кои традиционално Општина Делчево ги наградуваше со патување низ Европа, поради актуелната ситуација, наместо патување, ќе добијат парични средства од Општина Делчево во износот предвиден во Буџетот на Општина Делчево за таа намена.

Во СОУ „М.М.Брицо“ школската година ја завршуваат 63 матуранти.

Shares