Ценејќи ги придобивките на Општина Делчево на полето на општествената одговорност, Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИААС додели на Општина Делчево Сертификат за општествена одговорност.
Сертификатот е резултат на извршената анализа за општествената одговосност, грижата за вработените, грижата за околината, посветеност за напредок на општeството, како и позитивен пристап во соработка со трети компании и со овој сертификат Општина Делчево станува дел од семејството сертифицирани компании во земјава со над 3000 членови кои се во регистерот на сертифицирани компании.
Стандардот за општестевна одговорност е стандард за систем за управување кој ги одредува перформансите на деловните субјекти во девет области кои се од клучно значење за општествената одговорност во работните средини и обезбедува континуирано подобрување во сите области. Овој стандард ги одразува принципите содржани во Универзалната декларација за човекови права и декларациите издадени од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Покрај тоа, таа ги почитува, дополнува и поддржува законските прописи во сила во секоја земја. Денес, тој поддржува повеќе од два милиони вработени во обезбедувањето етички работни услови.
Сертификатот е со важност од две години.