Негативни тестовите на вработените за ковид 19 во делчевската детска градинка

  • Новости

Во детската градинка „Весели Цветови” нема позитивен случај на КОВИД-19. Ова го покажаа резултатите од извршениот скрининг на вработенитеспроведен од Центарот за јавно здравје при што беа опфатени вкупно 58 даватели на услуга во градинката.

Скринингот се правеше со ПСР-тестови и имаше за цел да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот, односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми.

Во насока на заштита на персоналот и децата во градинката, во изминатиов период е извршена комплетна дезинфекција на просториите на градинката, а согласно со протоколите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе бидат преземани дополнителни и соодветни мерки.

Shares