Прирачникот „Децата и нивната безбедност во сообраќајот“ дистрибуиран во делчевските училишта

  • Новости

Прирачникот за родители „Децата и нивната безбедност во сообраќајот“ пристигна во делчевските основни училишта. Прирачникот е наменет за родителите на деца кои имаат завршено второ одделение, а треба да им помогне на родителите за да ги научат децата безбедно да стигнат до училиште и како безбедно да се вратат дома. Во прирачникот се опфатени најважните правила и прописи во сообраќајот на кои треба да се научат децата; користење сигурносен појас и детско седиште во автомобил; најчести грешки со кои возачите ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот; апели, пораки и совети за поголема безбедност на децата во сообраќајот, преку кои директно ќе се влијае на подигнување на јавната свест за безбедно и одговорно учество во сообраќајот и заштита на децата.

Прирачникот е изработен од Републичкиот совет за безбедедност во сообраќајот, а е дистрибуиран во делчевските училишта преку Општинскиот совет за безбедност, а целта на оваа публикација е да се даде придонес во остварување на стратешката цел на државата-бројот на загинати деца во сообраќајни незгоди да биде нула,. За остварување на овој концепт е потребно да се вложат сите општествени сили, напори и инструменти кои се на располагање, но клучна е улогата на родителот/ старателот и на семејството.

Shares