Екипи на ТППЕ Делчево вечерва од 19.00 часот ќе вршат дезинфекција на сите улици, тротоари и избирачките места во Општина Делчево. Дезинфекцијата е во рамките на Оперативниот план за спречување и ширење на Корона вирус (COVID 19) на Општина Делчево.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, уште еднаш упатува апел до граѓаните да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Владата, за заштита од коронавирусот, да носат заштитни маски, да држат дистанца и да не се групираат заради безбедност и заштита на нивното здравје.