За прв пат јавно улично осветлување доби населбата Студена Чешма во с. Очипала, а денеска се поставува инсталација за комплетно јавно осветлување и на населбата Димовско Маало во с. Драмче. Со поставувањето на комплетната инсталација во двете населби се реши долгогодишен проблем и се одговори на барањето на жителите од овие населби кои и во 21 век немаа улично осветлување. Инвестицијата за броила, канделабри, светилки и комплетната инсталација е на Општина Делчево.
Во делот на уличното осветлување претходниот период се инвестираше и во зголемување на бројот на улични светилки во селата Разловци, Вирче, Стамер, Ѕвегорска Река и градските населби Расадник и Милково Брдо, а улично осветлување за прв пат се постави и во с. Полето.