Реакција од градоначалникот Трајковски на текстот под наслов „Апел до градоначалникот на Делчево! Не апелирајте-делувајте!“ објавен на веб-страницата на Канал 5

  • Новости

Почитувани,

Како градоначалникот на Општина Делчево заедно со Општинскиот кризен штаб од појавата на првиот случај со коронавирус во земјава делуваме и преземаме низа мерки и активности со кои се делуваше првентивно изминативе месеци. Односно, се врши редовна дезинфекција на улиците, јавните објекти и површини, дистрибуција на донации од маски за заштита на граѓаните и средства за дезинфекција, како и со мерки аналогни на препораките од Комисијата за заразни болести и од Владата на РСМ. За сите активности навремено се информира јавноста, но и се апелира со цел да се допре до секој поединец и да се потенцира личната одговорност во време на пандемија за колективното здравје. Во тој контекст е и денешниот апел.

Во таа смисла, крајно е некоректно, Канал 5 да ја извртува изјавата и таа да се прикажува во друго светло. Новинарите од Канал 5 треба да ги знаат надлежностите на Општината и на градоначалникот и треба да знаат дека МВР и надлежните инспекциски служби не делуваат по налог на градоначалникот, односно градоначалникот и Локалната самоуправа немаат законско право да вршат контроли за почитување на мерките за заштита од корнавирисот во кафулињата, рестораните, фабриките и сл.

Помина времето кога по налог на луѓето од власта се казнуваа фирмите и стопанствениците и јас како градоначалник немам апсолутно намера да давам такви насоки на инспекциските служби и да се мешам во нивната работа.

Како градоначалник и во соработка со ОКШ, и понатаму ќе ги преземам сите мерки кои се во моја надлежност и во интерес на граѓаните на Општина Делчево.

Со почит,

Општина Делчево
Градоначалник
Горан Трајковски

Shares