Во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 76 години од ослободувањето и 29 години од независноста на Република Северна Македонија.Во рамките на одбележувањето пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот кој го чува споменот на паднатите борци во НОВ од делчевскиот крај, свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево предводена од претседателот Драган Маневски, претставици од институции, политички партии и здруженија на граѓани.
Одбележувањето на двата значјани историски датуми за Делчево продолжи со Свечената седница на Советот на Општина Делчево на која претседателот на Советот, Драган Маневски, кој изрази благодарност до сите кои со својот труд и ангажман дадоа придонес за развојот на Делчево, истакна дека на нас останува обврската да продолжиме да работиме во интересна сите граѓани и во интерес на севкупниот развој на нашата општина.
-Советот на Општина Делчево, поголем дел од одлуките ги носеше едногласно, за што сум им особено благодарен на сите членови на Советот. Секогаш одлучувавме со многу одговорност и рационалност и носевме одлуки кои се во интерес на сите граѓани. Советот расправаше по 273 точки на дневен ред. Ги донесовме сите програми и ги усвоивме сите извшетаи на Општината и локалните институции кои се во надлежност на општината, донесени се повеќе одлуки за вклопување на бесправно-изградени објекти во урбанистичко-планска документација на физички лица, како и повеќе одлуки за приоритет на проекти за аплицирање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој,потенцираше Маневски.
На Свечената седница беа презентирани актуелните проекти на Општина Делчево, а градоначалникот Горан Трајковски во своето обраќање се осврна на актуелната здравствена криза на сите мерки кои општината ги презема како превенција за ширење од заразата изразувајќи посебна благодарност до донаторите кои помогнаа да се набават заштитни маски кои се делеа по институции и по месните и урбаните заедници, како и дезинфициенси, а посебно ја потенцираше заложбата на Здарвствениот дом „Гоце Делчев“, ТППЕ и ЈКП „Брегалница“ за несебичниот придонес во борбата со ковид -19.
-Како општина серизно пристапуваме и на предизвикот да обезбедиме безбеден почеток на учебната година, да овозможиме воспитно-образовниот процес да се одвива непречено, да создадеме услови за образование во новата нормалност. Се прават анализи по училиштата и ќе се носи одлуката согласно со протоколите од Комисијата и ресорното Министерство. Максимално сме вложени да одговориме на барањата и потребите и убеден сум дека со поддршка на ресорните министерства и со личната одговорност на секој поединец,и ученик и родител, но и просветен работник и воспитувач, ќе успееме во тоа и ќе обезбедиме безбеден воспитно-образовен процес, истакна Трајковски
Трајковски во своето обраќање потенцираше дека и покрај здравствената криза се продолжи со реализирани сите капитални проекти ветени во неговата програма.
На Свечената седница беше доделена општинската награда „7 Септември“ на д-р Гоце Стојменовски лекар во Итната медицинска служба во Делчево, како и општинското признание за посебен придонес во културата на Зенил Реџепов-Стручни кој годинава одбележува 45 години дејност. Исто така, посебно признание доби и компанијата „Зегин“ за соработка со Општина Делчево и за општествена одговорност во време на пандемија.
На Свечената седница беа доделени и наградите за најубаво уреден двор.
Поради актуелната пандемија традиционалните културни и спортски натпревари се откажани.