Делчевските училишта се подготвени да обезбедат безбеден воспитно-образовен процес во училиштата. Ова денеска го истакнаа директорите на трите образовни институции на состанокот одржан со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на кој беше истакната подготвеноста на училиштата за почеток на учебната година врз основа на Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020-21 и протоколот за постапување во основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство.
Во моментов во сите три образовни институции во Делчево се вршат финални подготовки и се обезбедуваат услови и за евентуална онлајн настава.
Барањата од училиштата за организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 г. се испратени до Министерство за образование, а на утрешната Седница на Советот, советниците треба да ја донесат одлуката за организирање настава со физичко присуство која ќе се испрати до соодветната Комисија во МОН.
Инаку, основните училишта во Делчево се подготвени за организирање настава со физичко присуство од 1 до 3 одделение.