Одржана 44 Седница на Советот на Општина Делчево

Советот на Општина Делчево денеска го одржа продолжението од 44 Седница која беше прекината поради смртен случај на брачен другар на советник.

На денешното продолжение, советниците ги донесоа одлуките со кои се бара од Владата организирање настава со физичко присуство за учебната 2020/21 година за учениците од СОУ „М.М.Брицо“, ООУ „Св.Климент Охридски“ заедно со подрачните училишта и настава со физичко присуство за учениците од 1 до 5 одделение од подрачните училишта на ООУ „Ванчо Прке“. Одлуките од Советот ќе бидат доставени до Комисијата формирана од Владата на РСМ за разгледување барања за организирање настава со физичко присуство.

На денешната Седница, Советот  даде согласност за утврденото работно време на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево од 05:00 до 18:00 часот. Исто така, Советот на Општина Делчево даде согласност за формирање групи со помал број деца во ОЈУДГ „Весели Цветови“, од бројот предвиден во  Законот за заштита на децата.   

Shares