Со симболично засадување на дрво јавор во градскиот парк во Делчево од страна на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и раководител на проектот д-р Нелко Нелковски, отпочна реализацијата на иновативниот проект „Ослободи го умот за корупција“ кој го спроведува Здружението на граѓани Театар „БОЕМИ“. Проектот ќе се спроведува во период од дванаесет месеци со поддршка на Министерството за локална самоуправа, а под покровителство на Претстедателот на државата.
Како што истакна координаторот на проектот Нелко Неловски станува збор за проект за едукација на претставници на релевантни институции во земјата и избрани младински претставници за градење на правично и демократско општество без корупција.
-Проектот ќе опфати 30 градови и ќе вклучува околу 70 претставници во секој град – Како алатка ќе се користи ФОРУМ ТЕАТАРОТ како форма на интерактивна игра со публиката, за преку уметничко креирање и дијалектички пристап, да се создаде театарска претстава што ќе комуницира со публиката живо и интензивно, истакна Неловски.
Освен интерактивната претстава, проектот ќе даде и документарен филм, истражување, научна студија и социјална мрежа за долгорочно суштинско надминување на корупцијата во нашата земја, а сите учесници ќе станат членови на Националната мрежа за подигнување на свеста за корупција под име „Развој“.
Градоначалникот, Горан Трајковски истакна дека реализацијата на овој проект значително ќе придонесе за подигнување на свеста за корупцијата.
-Самиот проект дава можност за организирање соодветна и т.н. мрежа за развој, каде активни членови ќе бидат и претставници од Делчево, што ќе отвори перспектива за мобилизирање на сите позитивни вредности за развој на општината и, воопшто, на општеството. Со симболичното засадување на дрвото јавор кое се смета за дрво на интелегенцијата и има исклучителна симболика поврзана со напредокот и развојот, испраќаме порака дека Делчево е насочено кон развојот и, воопшто, развој на позитивните вредности во едно општество, истакна Трајковски.
Во Делчево во текот на месецот ноември ќе се формира и Локален совет за развој на општината со усвојување на конкретни програми за работа