Околу 800 илјади евра за Делчево за реконструкција на улици

  • Новости

Во рамки на Проектот за поврзување локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, на Општина Делчево се доделени 781.714,36 евра.

Во рамките на овој проект, Општина Делчево во првата фаза аплицираше за реализација на потпроектите: реконструкција на ул „Орце Николов“ во должина од 500 м. со изградба на тротоари, реконструкција на ул. „Скопска“ во должина од 250 м. со изградба на тротоари, реконструкција на дел од ул „Острец“ во должина од околу 100 м. со изградба на потпорен ѕид и тротоари, како и изградба на стариот локален пат Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км заедно со инсталирање систем за одводнување со отворен канал и пропусти.

Реконструкцијата на овие улици ќе придонесе кон значително подобрување на состојбата со патната инфраструктура во Општината, решавање клучни проблеми, а секако и подобар квалитет на животот на граѓаните, бидејќи станува збор за улици кои се доста фреквентни. Покрај општествената одговорност, проектот има за цел подобрување на пристапот на граѓаните до услугите и објектите од јавен интерес, како и зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот.

Shares