Нови линии за улично осветлување во Делчево

  • Новости

Деновиве заврши инсталацијата на нова линија за улично осветлување на излезот од Делчево кон градските гробишта. Станува збор за линија долга околу 1 км која води од населбата Расадник кон градските гробишта при што Општина Делчево инвестираше во броило, канделабри и нова линија.

Новата линија е само една од инвестициите во ново улично осветлување во Делчево и селата која се реализира интензивно последниве три години, а со цел да се подобрат условите  за живот и безбедноста на граѓаните, градот и населените места да бидат соодветно осветлени, но и законска обврска на општината која се сервисира редовно.

Претходно, нови линии за улично осветлување добија Димовско Маало во с. Драмче и населбата Студена Чешма во с. Очипала и с. Полето. Зголемен број на канделабри, односно улично светилки се поставени на барање на жителите и во населбите Стралиште, Таушанско Маало, 1 Реон, 3 Реон, нас. Расадник, нас. Басарица, Милково Брдо, Ново Делчево, с. Габрово и дел до регионалниот пат до Делчево, с. Ѕвегор и Ѕвегорска Река, с. Вирче, с. Град, с. Тработивиште, с. Стамер и с. Разловци. Дополнителни рефлектори се поставени и на пешачкиот мост.   

Во моментов се работи на дислокација на дрвените бандери и нивна замена со бетонски столбови со менување на линијата во целата општина.

Shares