Градската капела во Делчево од понеделник, 16 ноември, ќе биде ставена во функција. Согласно со Протоколите за работа, градската капела која има карактер на јавен комунален објект, ќе работи 24 часа со соодветни дежурства на одговорните лица во капелата. Починатото лице се презема од местото, каде што починало, со специјално возило на операторот кој врши погребни услуги на територијата на Општина Делчево, а прифаќањето на починатото лице во капелата се врши во секое време во текот на 24 часа.
Протоколите предвидуваат чување во ладилник на починатото лице, изложување на одарот во посебна просторија за таа намена определена за верски објекти и оддавање последна почит, два часа пред времето определено за погреб. Палењето свеќи е дозволено само на определено место за таа намена, додека храна и пијалоци можат да се внесуваат само во соодветна просторија.
Висината на надоместокот за користење на мртовечница со ладилник (капела) на градски гробишта Делчево изнесува 2.000,00 денари.