Екипи на ЈКП „Брегалница“ од денеска ја започна акцијата за засадување нови украсни садници со што се збогатуваат зелените површини, а парковското зеленило ќе добие нов лик во градот.
Садниците ги набави Општина Делчево во тендерска постапка при што од Буџетот се одвоени 117 460 денари. Економски оператор е „Градина цвет“ од с. Владиевци Василево, како најдобар понудувач, а набавени се 169 садници од сортите: Katalpa nana 43 садници, tuja smaragd occidentalis 84 садници, tuja smaragd spiral 21 садник, leylandii pom pom 21 садник. Украсните садници ќе се засадуваат по должината на парковското зеленило на бул „Македонија“ од крстосницата кај семафорите кон излезот од градот према Берово.
Градоначалникот Горан Трајковски направи увид на почетокот на акцијата и истакна дека целта на оваа акција е да се збогатат содржините во јавните зелени површини во градот, а украсните садници ќе дадат посебен и богат изглед на булеварот кој е фреквентна сообраќајна артерија за транзит на возила за влез и излез од земјава,но секако ќе влијаат и на прочистување на амбиенталниот воздух и со тоа директно придонесуваме кон почиста животна средина.
Инаку, овој период Општина Делчево редовно организира акции за засадување нови садници. Минатата година во централното градско подрачје беа засадени над 200 садници од липи, јавори, багреми, чемпреси и сл.