Општина Делчево набавува теренско возило за гаснење пожари

  • Новости

Општина Делчево денеска објави Повик за поднесување понуди за набавка на теренско возило за гаснење пожари. Повикот за понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16 и е во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги за кој Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој. Во таа смисла, Општина Делчево дел од добиените средства од овој кредит, ќе ги искористи за исплата по договор  за набавка на стоки– Набавка на теренско возило за гаснење пожари.

Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање (NCB) како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави, како што е дефинирано во тендерската документација. Понудите треба да бидат доставени на адресата на Општина Делчевоул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, архива,  Општина Делчево, не подоцна од 12:00 ч (по локално време) на 30/12/2020.

Заинтересираните понудувачи може да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса: ул. „Светозар Марковиќ“  бр. 1, од 08:00 до 14:00 часот најдоцна до 30.12.2020.

Повеќе детали во врска со објавената понуда ќе добиете на следниот линк

 Инаку, набавката на возилото за гаснење пожари е утврдена како приоритет и е резултат и на спроведената методологија на Светска банка „Урбанистичка ревизија“ и од дополнителното анкетирање на граѓаните од месните и урбаните заедници. Приоритетот се јавува како потреба на граѓаните, поради големите материјални штети предизвикани од шумски и урбани пожари изминатиот период, но и старата механизација, односно старите противпожарни возила со кои располага ТППЕ Делчево. Со оваа набавка ќе се реши проблемот со дотраената и стара механизација на ТППЕ Делчево, а ќе се придонесе кон брза и навремена интервенција во случаи со пожари.

Shares