Поради обилните врнежи од дожд изминативе денови, е зголемен водостојот на река Брегалница и нејзините притоки и постои опасност од нивно излевање од мини коритото. Во таа насока, Општина Делчево ги информира граѓаните од безбедносни причини да избегнуваат движење покрај реките, потоците и каналите со вода, но и да преземат соодветни мерки за заштита на нивниот имот од евентуални поплави. Претставниците на месните и урбаните заедници, постојано да ја следат состојбата и да ги информираат надлежните служби, а доколку има потреба од интервенција со машини и луѓе, да пријават на дежурните телефоните: 078-705-513 и 071-343-108.
Инаку, екипи од Општина Делчево вршат увид на критичните точки во урбаниот дел и руралниот дел од градот при што е констатирано дека во урбаниот дел засега нема излевање на реката Брегалница, а согласно со Оперативниот план за заштита од поплави на подрачјето на Општина Делчево анимирани се екипите на ТППЕ Делчево, како и ЈКП „Брегалница“, а се преземаат и потребни мерки за заштита од евентуално излевање на реките од нивното корито.
Критични точки во урбана средина се: градски базен, крајот на ул „8 Септември“, гумена брана и мостот на ул „Индустриска“.
Општина Делчево уште еднаш потсетува дека сè уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила преку мостот на ул. „Индустриска“ во Делчево.