Општина Делчево подготвена за снежните врнежи

  • Новости

Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во општината, се подготвени за првиот снег оваа зима, односно преземени се сите потребни мерки за навремена реакција и овозможување непречено и безбедно движење во зимски период.

Економскиот оператор „Еуро-бетон“ од Делчево со кој Општина Делчево по спроведената јавна набавка склучи Договор за услуги „Зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево“ има обврска да постапува согласно со Планот за зимско одржување на улиците и локалните патишта во кој е предвидена приоритетна листа на одржување патишта и улици кои опфаќаат патишта со асфалтен коловоз од 82,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 38,5 км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

Одржувањето и чистењето на тротоарите и јавните површини во градот е обврска на ЈКП „Брегалница“ Делчево, од каде информираат дека претпријатието има доволно количини ризла и сол на залиха, а претпријатието има спроведено и јавна набавка и склучено договор со локална фирма од каде согласно со потребите сукцесивно ќе се набавуваат потребните количини абразивни средства. Исто така, претпријатието располага со две нови машини ровокопачи-утоварач и со хидрауличен плуг за чистење снег со ширина од 300 см., како и две машини фрези за чистење снег од тротоарите и другите површини.

Shares