ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2021 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), Градоначалникот на Општина Делчево објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија иправни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2021 година

Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските организациии да се придонесе во развојот на спортот на локално ниво, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2021 година кои сенаменетизa финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот согласноПравилникот за условите, начинот и постапкатаза доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.

Се повикуваат сите спортски клубови, спортски здруженија, спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште и правни лица во областа на спортот кои се регистриранина подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.

  1. Право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат следните општи услови:

–          Да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација;

–          Да дејствуваат на територија на Општина Делчево.

Право на учество имаат спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево;

Право на учество имаат правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

2..Kритериуми кои треба да ги исполнуват субјектите кои ќе се пријават на овој повик се:

–          Да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт ;

–          Да ја реализираат утврдената програма за развој на спортот;

–          Да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;

–          Да се грижат за унапредување на младите и нивна поголема вклученост во спортските клубови и здруженија ;

–          Да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

  1. Потребна документација која треба да ја достават спортските клубови и спортските здруженија:

–          тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;

–          решение за дејност спорт, издадено од Агенцијата за млади и спорт (копија);

–          годишна програма за работа во тековната година;

–          извештај за искористени средства од Општина Делчево за претходната година   (доколку користеле средства) ;

–          листа со спортските успеси кои ги постигнале во последните две години, поткрепена со докази;

–          листа на регистрирани членови на спортски клубови и здруженија за тековната натпреварувачка година;

–          официјален годишен билтен за учество во национален систем на натпревари во последните две натпреварувачки години.

Правните лица во областа на спортот кои ќе се пријават на Јавниот повик за да организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево кон пријавата треба да достават:

–          тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од шест месеци (копија или оригинал) ;

–          програма и финансиски план за реализација на спортска манифестација;

–          извештај за искористени средства од Општина Делчево за претходната година   (доколку користеле средства).

4.Висината на финансиската помош која поединечно може да ја добие спортскиот клуб, спортското здружение и правни лица во областа на спортот може да изнесува најмногу до 300.000денари.

5.Рокот за пријавување изнесува 15 дена, 15.02.2021 година, а крајниот рок за поднесување на пријави е 01.03.2021 година.

6.Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите

  • Пријавата заедно со документација од точка III се доставува до Архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.
  • Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ Не отворај“ и со назнака „за Јавен повик за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот“ до Архивата на Општина Делчево или по пошта на ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, Делчево.
  • Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Делчево e-mail: info@delcevo.gov.mkсо назнака „за Јавен повик за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот.

 

                                                                                                         Општина Делчево

                                                                                                           Градоначалник

                                                                                                          Горан Трајковски

Shares