Објавен Јавниот повик за членови на Иницијативен одбор за конституирање Локален младински совет

  • Новости

Општина Делчево објави Јавен повик за номинирање членови на Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на Локално собрание за млади на Општина Делчево за избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Делчево.

Претставниците на Локалниот младински совет како советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики ќе имаат право да:

– предлагаат точки на дневен ред на Советот на Општина Делчево,

-иницираат, учествуваат и даваат повратни информации за процесот на локална младинска стратегија и други политики,

– доставуваат информации до Општина Делчево за прашања кои се однесуваат на младите и

– вршат други советодавни и застапувачки работи во согласност со законот за младинско учество и младински политики.

Членовите на Иницијативниот одбор ќе бидат континуирано вклучени во активностите за формирањето на Локалниот младински совет на Општина Делчево, сѐ до формирањето на Локалното собрание за млади. Иницијативниот одбор ќе брои пет членови кои ќе ја имаат улогата да го формираат Локалното собрание за млади. Функцијата на ИО завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Право да поднесат пријава со која ќе номинират свои претставници, жители на Општина Делчево што ќе учествуваат во процесот на конституирање на Локалното собрание за млади на Општина Делчево имаат сите младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои имаат активности на подрачјето на Општина Делчево.

Потребните документи за пријавување, како и начинот, рокот и местото на поднесување на пријавите се опишани во Јавниот повик, објавен на следниот линк.

Јавниот повик трае петнаесет работни  дена од денот на објавувањето, односно крајниот рок за поднесување на пријавите е 24 март 2021 година до 15:30 часот.

Shares