Акција „Подарувам книга“ во ООУ „Св.Климент Охридски“

  • Новости

Во рамките на Отворениот ден на граѓанското образование во ООУ „Св.Климент Охридски“ се спроведува акцијаta „Подарувам книга“. Носители на акцијата се учениците од осмо одделение, а во неа се вклучија и учениците и наставниците, но и граѓани кои од дома да донесоа книга или сликовница што веќе ја имаат прочитано и испратија позитивни пораки за значењето на книгата и читањето.

Како што истакна директорот на училиштето, Горан Димитровски, акцијата треба да придонесе за развој на хуманоста, општествената одговорност, волонтерството и желбата и љубовта кон читањето, а подарените книги ќе се дистрибуираат во библиотеките по подрачните училишта.

Во акцијата се вклучи и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој подари книга и испрати порака дека книгите треба да се читаат, а не да се чита за книгите.

– Книгата е непроценливо богатство и затоа ме радува овој ден и иницијативата на учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ да подарат книга и ми претставува чест што денеска се вклучувам во акцијата и имам можност да подарам книга. Пораката е хумана, која ќе помогне овие подарени книги да стигнат во рацете на ученици кои ги немаат прочитано. На овој начин се испишува нова практика и волонтеризам и очекувам оваа денешна акција да прерасне во традиција и да се практикува во сите образовни институции во Делчево, истакна Трајковски.

ООУ „Св. Климент Охридски“ oваа учебна година по втор пат организира Отворен ден на граѓанското образование со цел да се промовира новиот концепт на граѓанското образование. За организацијата на Отворениот ден се задолжени учениците од осмо и деветто одделение под менторство на наставниците по граѓанско образование, но активно учество во сите активности имаат и учениците од пониските одделенија и сите наставници и вработени во училиштето.

Планираните активности за Отворениот ден на граѓанското образование се ученички иницијативи, а оваа година ќе бидат под мотото „САЈБЕР НАСИЛСТВО – НЕМИР ВО ДЕТСКИОТ МИР“. Сите активности поврзани со сајбер- насилството ќе бидат промовирани на 26.03.2020 година (петок) на ЗООМ- платформата.

Shares