Реконструкција на главната водоводна линија во Тработивиште

  • Новости

Интензивно се работи на реконструкција и санација на главната водоводна линија во делчевското село Тработивиште, каде екипи на ЈКП „Брегалница“ вршат замена на старите дотраени азбестни цевки со ново полиетиленско црево со пречник од фи- 110. Линијата е во должина од 250 метри, а се поставуваат и 2 вентилни шахти со 2 вентила со пречник од фи 100. По реконструкцијата на главната линија сите индивидуални приклучоци ќе бидат заменети со нови.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковки , изврши увид во работите при што истакна  дека оваа интервенција е неопходна, бидејќи се јавуваа чести дефекти на оваа линија, па домаќинствата остануваа без вода, а од друга страна, имаше големи загуби на водата.

-Со реконструкцијата и санацијата на главната линија, сите проблеми позврани со честите дефекти, недостаток и загуба на водата во селото ќе бидат минато. Остануваме и понатаму посветени за решавање на проблемите на граѓаните, решаваме децениски проблеми и работиме со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите населени места во Општината, истакна Трајковски.

Претходно во селото беше извршена и реконструкција на дел од водоводната линија која поминува по главната улица на влезот во селото, при што беше извршена замена на дотраената поцинкувана водоводна линија со полиетиленско црево.

Shares