Заврши реконструкцијата на селската чешма во селото Вирче. Реконструкцијата подрзабира санација и соодветно обложување со камен, како и уредување на просторот околу чешмата со што се создава соодветен простор за потребите на жителите. Со реконструкцијата се подобрува и функционалноста и изгледот на селската чешма.
Активноста за уредувањето на селските чешми опфати неколку села во Општината. Досега се реконструирани две селски чешми во с. Град, а ќе се уредат и селските чешми во селата Габрово и Ѕвегор.
Инвестицијата за реконструкција на селските чешми е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на ЈКП „Брегалница“.
Инаку, деновиве започнува и реконструкцијата и на детските игралишта во селата и поставување соодветна урбана опрема.