Трибина во Делчево: Темелна реформа за подобро, поквалитетно образование за нашите деца

  • Новости

Во организација на Општина Делчево денеска се одржа трибина со наслов „Темелна реформа за подобро, поквалитетно образование за нашите деца“ на која присуствуваа градоначалникот Горан Трајковски и претставници од Општината, како и претставници на родителите, наставниците и директорите во основните училишта. Целта на трибината е преку разговори со родителите, со засегнатите, со наставниците да се даде придонес кон целосна информираност за процесот. Преку дебата, полесно да се разбере реформата која има за цел да го помести овој систем на ниво кое вистински ќе ги едуцира и воспитува нашите деца, ниво на кое наставниците ќе бидат задоволни и ќе имаат можност да напредуваат и да се надградуваат, училишта кои нема да бидат извор на фрустрации и назадување, туку места за квалитетно поминато време.

На трибината беа потенцирани клучните реформи предвидени во основното образование кој се заснова на автентичен, македонски модел на користење наставни материјали, кој е во најдобар интерес на децата, на потребата за забрзано приближување до квалитетните образовни системи од развиените земји и создавање функционален образовен систем прилагоден на наши услови.

Градоначалникот Трајковски посочи дека македонскиот модел на примена на материјали за учење е комбиниран.

– Секој родител треба да знае дека реформите се осмислени да донесат промени, не се шминка, не се популистички. Но, тие се етапни, постепени и внимателно им се пристапува.  Без оглед на сите небулози кои беа пласирани периодов, дигиталниот учебник е помагало за интерактивна и поинтересна настава, а не пдф документ кој треба да се ,,набуба’’. Има ли логика во тоа, дигиталната технологија и комуникација да се користи буквално за се’, за игри, за Инстаграм, за Тик Ток, буквално за се’, само не за учење?Нема,  рече Трајковски.

Shares