Се конституираше Партиципативното тело за урбанистичко планирање во Општина Делчево

  • Новости

Партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Делчево денеска ја одржа Конститутивната седница на која за претседател беше избран Горан Петровски, дипл.архитект од Општина Делчево, а за заменик-претседател  Ангел Ивановски, дипл. градежен инженер, како надворешен член. На Седницата беа презентирани и две проектни- програми кои се на почеток на реализација.

Партиципативното тело за урбанистичко планирање се формира со цел обезбедување инклузивност, партиципативост и јавност, како и за обезбедување поголема вклученост, учество и придонес на граѓаните во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело на Општина Делчево е составено од сите членови на Комисијата за урбанизам во Општина Делчево, стручни лица вработени во Општина Делчево што го изработуваат урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, како и Ангелчо Ивановски, вработен во ГЕО ИНГ ДОО, Гоце Попов од ДПТУ ГП АРХИТЕКТИ ДОЕ, Родне Деолска од Регионалниот центар за застапување, Горан Димитровски од ООУ „Св.Климент Охридски“, Горан Велков од ООУ „Ванчо Прке“, Роза Стоименовска од СОУ „М.М.Брицо“, Стојче Стојковски од ЈКП „Брегалница“ и Стојан Стојчевски.

Членовите на Партиципативното тело се именуваат за период од 4 години, а ова тело има право да присуствува и да учествува во расправа на сите седници на Советот на кои ќе се расправа за утврдување нацрст урбанистички планови, донесување урбанистички планови, донесување годишни програми за урбанистичко планирање на територијата на и сл.Општина Делчево.

Shares