Во раните утрински часови се спроведе авионското третирање против возрасни комарци на територијата на Општина Делчево. Прскањето се вршеше со еколошкиот препарат CICERON 2.ULV кој е широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови, а го изврши лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, избрана по претходно спроведена тендерска постапка.
Во Делчево се третираше површина од над 300 ha, лево и десно по речното корито на Брегалница, централното градско подрачје до езеро „Сандански“ и Старо Делчево, Таушанско Маало, Стрелиште и Ново Делчево, Милково Брдо, Басарица, нас. Пролет и населените места од збиен тип.
Денешното авионско прскање против возрасни комарци е прво од предвидените две за оваа сезона.
Инаку, Општина Делчево секоја година врши соодветно третитрање на вектор-преносителите на заразни болести, а активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести.