Во тек се градежни работи за доизградба на дел од велосипедската патека Делчево-Илин Камен во рамките на која се градат улици во с. Ѕвегор, како дел од патеката, во должина од 720 метри.
Денеска увид во работите изврши градоначалникот Горан Трајковски, кој го истакна значаењето на проектот кој е во насока на промоција на природниот раритет Илин Камен во непосредна близина на Ѕвегор, зголемување на потенцијалите и содржините на туризмот во Делчево, како и промоција на велосипедизмот и рекреативното пешачење.
Средствта се обезбедени од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби.
Висината на инвестицијата согласно со проектираните цени е 4,999,893.25 со вклучен ДДВ. Од Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3.500 000 денари.
Градежните работи ги изведува фирмата СД Транс, како најповолен понудувач.
Инвестицијата треба да биде завршена до крајот на 2021 година.
Со оваа инвестиција ќе биде реализиран и вториот дел од велосипедската патека која поминува низ с. Звегор и за имплементација за целосно финализирање на патеката ќе остане да се поврзе селото Звегор со локалитетот Илин Камен, фаза која предвидува уредување на шумскиот пат со потпорни ѕидови на местата, каде патот е уништен со ерозија на земјиштето.