Во Делчево одбележан Денот на македонската револуционарена борба

  • Новости

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска го одбележа Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Настанот се одвиваше пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот. По тој повод, за значењето на овој празник, членовите од КУД „Гоце Делчев“ од Делчево подготвија пригоден реферат, а пред споменикот на Гоце Делчев се поклонија и букети свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.

Инаку, 23 Октомври во историјата е запишан како ден на основањето на Македонската револуционерна организација. Согласно со историските податоци, на 23 октомври 1893 година во Солун  се поставуваат основите на организацијата којашто  ќе стане симбол на борбите за слобода и создавање самостојна држава. Основоположниците биле:  Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку  Илинден 1903 г., а потоа преку НОБ резултира со создавање  современа самостојна македонска држава. Овој датум, 23 октомври, симболизира контиконтинуитет на македонската борба за независност.

Shares