Се гради новиот водoвод во с. Ѕвегор

  • Новости

Интензивно се работи на изградба на новиот водовод во с. Ѕвегор, како дел од втората фаза од реализацијата на големиот проект за Водоснабдување на Делчево. Увид во текот на работите изврши градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека со овој проект во с. Ѕвегор комплетно се заменува постоечката водоводна мрежа со нова.

-Конкретно во селото Ѕвегор-старата водоводна мрежа градена пред половина век од самите жителите и која не одговараше на стандардите и не ги задоволуваше потребите на жителите, посебно во летниот период, добива нов водоводен систем.  Ако првичната мрежа е изведена од азбест цементни цевки сега мрежата се гради со полиетиленски цевки. Овој проект има една основна цел, а тоа е да се подобри водоснабдувањето во селото, преку комплетна реконструкција на мрежата со која ќе се исполнат сите технички прописи, ќе се овозможи лесно одржување и квалитетна услуга на корисниците, истакна Трајковски.

Работите ги изведува фирмата „Бауер БГ“ , а по завршување на работите во Ѕвегор ќе започне изградба на новиот водоводен систем во с. Габрово.

Втората фаза од проектот „Водоснабдување на Делчево“, е финансиран од Министерството за животна средина во висина од 1, 3 милиони швајцарски франци. Вкупниот проект „Водоснабдување на Делчево“ е во износ од 7, 3 милиони швајц.франци од кои 6 милиони се донација од Швјацарската конфедерација, а 30.000 швајцарски франци контрибуција на Општина Делчево.

Shares