Одржана Првата седница на Советот на Општина Делчево

Новиот состав на Советот на Општина Делчево денеска ја одржа Првата редовна седница на која се разгледаа и се донесоа одлуки и заклучоци по 24 точки од Дневниот ред.

Советниците го изгласаа вториот Ребаланс на Буџетот на Општина Делчево за 2021г.  Со Одлуката за изменување и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година, извршено е незначително намалување на Буџетот од околу 5% и вкупниот Буџет ќе изнесува 315.220.482 денари. Намалувањето на вкупниот Буџет на Општината со измените и дополнувањата е за 16.314.850 ден. и тоа намалување на Основниот буџет за 9.286.600 ден.,намалување на приходот на самофинансирачки активности за 2.662.250 ден и намалување на Буџетот на кредити за 4.466.000 денари. Во Буџетот на дотации и Буџетот на донации, износите не се менуваат, но има измени во поодделни расходни ставки, односно има прераспределба на одредени планирани расходи.

На Првата седница на Советот, советниците ја усвоија Програмата за развој на Општина Делчево за 2022 година, изградба на Градски пазар во Делчево (отворен и затворен дел). Одобрениот план на програмите за развој ќе биде составен дел на Буџетот на Општина Делчево за 2022 година.

Советниците ја усвоија Одлуката со која се дава согласност на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење и на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“ за регулиран период 2022-2024 година донесени од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги согласно со кои цената на водата за 2022 година во однос на 2021 година се намалува за 0,03 денари додека цената на канализацијата за 2022 година во однос на 2021 година се намалува за 1,8 денари.

Советниците го усвоија 9-месечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“ за периодот од 01.01.21 до 30.09.21 година според кој претпријатието остварило позитивен финансиски резултат од 766.998 денари. Односно, вкупно расходите се во износ од 35.125.045 ден., а остварените приходи се во износ од 35.892.043 ден.

На оваа Седница на Советот беа формирани и 7 комисии: Комисија за статут и прописи, Комисија за финансирање, буџет и ЛЕР, Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина; Комисија за комунални работи и сообраќај; Комисија за јавни дејности; Комисија за еднкави можности, Комисија за спорт.

Советниците ја донесоа и Одлуката за отпочнување со работа на објектот 3 во состав на ОЈУДГ „Весели цветови“ во с. Разловци и годишниот план за вработување на оваа установа за 2022 г

Усвоени се и одлуките за доделување 28 општински стипендии во 4 категории, односно 18 ученички стипендии во 2 категории за ученици кои учат во СОУ „М.М.Брицо“и 10 студентски стипенидии во две категории за студенти од Делчево кои студираат на државните универзитети во РСМ.

Советниците донесоа и Одлука за финансиска поддршка на Здружението на старосни, инвалидски и други пензионери на Општина Делчево согласно која на Здружението му се одобруваат финансиски средства од 625 евра во денарска противвредност кои ќе бидат исплатени од Буџетот на Општината за 2021година. Средствата се доделуваат врз основа на Барање и за потребите на Здружението за реновирање на службените простории, односно за промена на влезната врата.

Советниците на Првата седница донесоа и: Решение за именување на претставници на основачот во Училишниот одбор на СОУ „М.М.Брицо“; Решение за разрешување и именување членови на Надзорниот и Управниот одбор во ЈКП „Брегалница“; Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на Локален историски, археолошки, етнолошки и природонаучен МУЗЕЈ НА ГРАД ДЕЛЧЕВО-ПИЈАНЕЦ –Делчево;

Исто така, советниците ја усвоија и Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2021 година;

Shares