Се гради нова улица во Централното градско подрачје во Делчево

Започнаа градежните работи за изградба на нова улица во централното градско подрачје во Делчево. Станува збор за изградба на улицата „3“ која ќе го поврзува новиот градски пазар, односно ул „Индустриска“, со пешачкиот мост на река Брегалница. Денеска увид во работите изврши градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека изградбата на новата улица ќе даде квалитетно сообраќајно поврзување и ќе отвори нови перспективи за развој на овој дел од градот кој е во централното градско подрачје, но со децении стои неуреден и запоставен.

-Улицата „3“ е проектирана за изградба во должина од 370 метри, со ширина на коловозот од 6 м и изградба на тротоар од едната страна со ширина од 2 метри. Улицата ќе биде изградена со два асфалтни слоја. Во моментов се вршат земјени работи, а ќе се постави и потребната подземна инсталација. Градежните работи за изградба на улицата ги изведува фирмата „БАУЕР-БГ“, истакна Трајковски.

Вредноста на проектот изнесува 7.493.900 ден. Поголем дел од средствата, односно 5.266.748 денари се обезбедени како под-заем преку проектната единица на Министерство за финансии и проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2  финансиран преку Светска Банка. Останатите средства се обезбедени по пат на кофинансирање од Буџетот на Општина Делчево.


Shares