Денови на хуманост: „Џифони патува во Делчево“

  • Новости

Со патувачкиот фестивал за млади „Џифони патува во Делчево“ започна традиционалната манифестација „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана по повод 3 Декември, меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Филмскиoт фестивал за млади Џифони патува во Делчево ќе се одржува два дена на 29 и 30 ноември 2021 и во него се вклучени 60- тина ученици на возраст од 13 до 18 години и лица штитеници од Дневниот центар за посебни потреби.

На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а во програмата се вклучува и актерката Зорица Нушева која ќе одржи и актерска работилница. Покрај тоа планирани се и фотографска и ликовна работилница на кои младите од Делчево ќе ја поттикнат својата креативност. Целта на настанот е развој на визуелната култура кај младата публика.

Настанот е во организација на Здружението „Планет-М“ под покровителство на Giffoni experience од Италија и Агенцијата за филм во партнерство со Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Shares