СОУ „Методи Митевски – Брицо“ е учесник на регионалниот проект „Супер училишта“ организиран од Регионалната канцеларија за соработка со младите (RYCO) и Германската организација за меѓународна соработка (GIZ), а кофинансирана од Европска Унија и Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).
Програмата има за цел да го подржи процесот на помирување и градење на мирот, како и процесот на интеркултурниот дијалог помеѓу училиштата и учениците преку младинска размена.
Наставниците– координатори од училиштата, во рамките на проектот, поминаа две обуки. Првата беше онлајн а другата со физичко присуство, во Приштина од 18ти до 21ви февруари. На обуките присуствуваше проф. Желеанка Демирова која е и координатор на проектот од СОУ „Методи Митевски – Брицо“, заедно со проф. Билјана Ивановска. Целта на обуките е зајакнување на капацитетите и вмрежување. Учениците ќе се подготвуваат за соработката преку работилници со координаторите.
За време на проектот 10 ученици и 2 наставници од делчевската гимназија ќе учествуваат во размената на ученици со Техничката школа во Пирот– Србија. Првата посета е планирана во месец април, кога нашето училиште ќе биде домаќин на учениците и нивните наставници, додека втората посета ќе се реализира во Пирот.