Втор ден хуманитарна акција за граѓани на Украина

  • Новости

Делчевци и фирмите од Делчево донираат за граѓаните на Украина, каде беснее војна и се случува хуманитарна кататсрофа. Се донираат: бебешки пелени и облека, бебешка храна, постелнина, ќебиња, средства за хигиена, храна, но и парични средства. Потребни се поголеми количини бебешка храна и пелени, лекови, медицинска опрема и санитетски материјали.

Кризата повторно ја става на тест општествената одговорност на фирмите. Изразуваме голема благодарност до „Брегал“ Делчево, Центарот за социјални работи Делчево, ЈЛБ „Илинден“, ЈКП „Брегалница“, вработени во Општина Делчево, но и на многуте граѓани кои од утрово носат донации на пунктот.

Shares