Изложба на литература за деца по повoд Светскиот ден на литературата за деца

  • Новости

Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на литертурата 2 Април, денеска на увид на најмладите и нивните наставници беше ставено богатството од литература за деца на ЈЛБ „Илинден“.

Први изложбата ја посетија  учениците од второ одделение при ООУ„Ванчо Прке“, кои маскирани по повод Денот на шагата донесоа љубов, шаренило од бои и ликови, но  имаа и можност да се запознаат со каква литература за деца располага библиотеката.

Денес во читалната на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, на едно место, со многу насмевки, радост, детски џагор, маски,шеги, сликовници и шарени книги, беа одбележани, Први април – Денот на шегата и Втори април, Светскиот ден на литературата за деца. Многу сликовници, во различни форми и големини, боенки и многу книги со шарени и весели страници им беа на располагање на дечињата. Сите заинтересирани можат да ја посетат библиотеката и да уживаат во детскиот свет на бајките. Инаку, учениците како наставна содржина имаат „Медиумска култура“, па посетата на библиотеката , беше и дел и од реализацијата на оваа наставна содржина, рече директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска.

Инаку, втори април, не е случајно избран за датум посветен на литературата за деца. На овој ден е роден светски познатиот дански книжевник и писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен. Тој е автор на бајките: „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малата сирена“, „Снежната кралица“, „Принцезата на зрно грашок“, „Девојчето со кибритчињата“ и „Палешка“. Сите тие во себе носат универзални пораки, што се раскажуваат и се паметат со генерации. Неговите приказни се читливи, разбирливи и со децении наназад лесно ги пленат децата, но и возрасните.

Shares