Иницијатива за збратимување на Општина Делчево со Општина Кемалпаша од Р. Турција

  • Новости

Градоначалниците на Општина Делчево и на Општина Кемалпаша од Р. Турција иницираат збратимување на двете општини со цел унапредување на меѓусебната соработка во сите области кои се од интерес за граѓаните на Кемалпaша и Делчево. Иницијативата за збратимување е договорена на заедничката средба на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и градоначалникот на Општина Кемалпаша, Ривдан Каракајли, која се одржа во Општина Кемалпаша, а во рамките на посетата на општинската делегација на оваа општина.

Градоначалникот Трајковски истакна дека унапредувањето на соработката меѓу двете општини значи и имплементација на добрите практики, а посебено на искуствата на Кемалпaша во процесот на развој на индустријата и отворњето нови работни места, но и размена на информации и за проекти и заедничко учество во проекти.

 Ме радува пријателството и иницијативата на градоначалникот г-ин Каракајли за збратимување, посебно што станува збор за општина со над 120.000 жители и економски развиена. Оваа соработка може да донесе понатамошен развој и соработка во сите области. Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи и соседската соработка, при што општините имаат особено важна улога и одговорност, потенцираше Трајковски.

Делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Трајковски на покана на домаќините од Општина Кемалпаша, деновиве претстојуваат во посета на Општината, а во рамките на традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал кој се одржува по повод  Денот на детето во Измир, Турција. На фестивалот, ќе настапи и ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ кои ќе го промовираат пијанечкото и македонското фолклорно богатство.

Shares