![](https://www.delcevo.gov.mk/wp-content/uploads/2022/04/279132797_298390542471480_6864642402054841943_n.jpg)
Централната прослава по повод Денот на македонската полиција ќе се одржи во Делчево на 7 мај.
Согласно со најавената програма, планирана е презентација на опрема и оружје, но и дружење со припадниците на единиците на МВР.
Воедно, во културно забавниот дел ќе настапат фолклорните друштва од Делчево, како и Пеjачката група “Ѓурѓа”,а концерт ќе одржат познатите македонски поп ѕвезди Дац и Александар.
Настанот е со почеток во 12,30 ч во паркот пред Спомен дом АСНОМ, а централната прослава ќе биде директно пренесувана на МТВ.